3.8 C
Skopje
Tuesday, November 30, 2021

Приштина повторно им нуди на Американците да воспостават постојана воена база на Косово

Најчитани вести

Косовскиот министер за одбрана Арменд Мехај повторно им понуди на САД да воспостават постојана воена база на Косово.

Мехај, кој престојува во Соединетите Американски Држави, се сретнал во Пентагон со заменичката на помошникот министер за одбрана Лаура Купер, пренесува приштинска Газета експрес.

„Мехај повторно им понуди на САД да воспостават постојана воена база на Косово, за истовремено да придонесат на зголемувањето на безбедноста и стабилноста на регионално ниво“, соопшти косовското министерство за одбрана.

Мехај и Купер се договориле да го зголемат учеството во заедничките мисии и вежби на американската војска и косовските безбедносни сили.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com