15 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Притвор за скопјанец кој со тупаници ја истепал својата мајка

Најчитани вести

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 24-годишен скопјанец, кој физички ја нападнал и ја повредил својата мајка.

На 31 јануари, во семејниот дом во селото Љуботен, осомничениот со умисла физички ја нападнал и телесно ја повредил неговата мајка. По претходна вербална расправија, тој најпрвин започнал да ја удира оштетената со тупаници по главата и по телото, нанесувајќи и телесни повреди. Подоцна во текот на денот, додека оштетената седела во дневната соба со сопругот и другиот син, осомничениот се вратил држејќи нож во рацете и им се заканил на сите дека ќе ги убие.

Имајќи предвид дека осомничениот и претходно го имал сторено истото кривично дело, но неговата мајка не го пријавувала, како и можноста тој да се даде во бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести