14.8 C
Skopje
Sunday, October 2, 2022

Притвор за осомничен за тешки кражби во Велес

Најчитани вести

Основното јавно обвинителство од Велес поведе постапка против 20-годишен велешанец против кого се поднесени три кривични пријави за кривични дела тешка кражба.

Во период од 10 јануари до 11 април годинава, осомничениот, со совладување препреки, влегол во три куќи во Велес и одзел поголем број подвижни предмети со намера истите противправно да ги присвои.

„Бидејќи се работи за лице кое нема постојано место на живеење и се јавува како чест сторител на кривични дела против имотот, па постои опасност доколку се брани од слобода да се даде во бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основен суд Велес поднесе предлог за определување притвор против осомничениот. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 8 дена“ велат од ОЈО.​​

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com