14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Пристигнува продолжението на „Круна“: Први кадри од Елизабет Дебицки во улогата на Дајана

Најчитани вести

Сличноста е фрапантна…

Иако беше објавено дека хит серијата „Круна“ ќе заврши со петтата сезона, авторот Питер Морган се премисли. Се подготвуваат нови приказни за британското кралско семејство, а со тоа и нови контроверзии. Од дворецот не се многу воодушевени за начинот на прикажување на одредени членови, иако имаат предвид дека повеќето работи се само фикција.

Во претходната сезона, ги следевме настаните во Бакингемската палата кон крајот на седумдесеттите години и во првата половина на осумдесеттите години, во ерата на Лејди Маргарет Тачер. Круната на принцезата Дијана ја носеше младата Ема Корин, а во петтото продолжение ја наследи австралиската актерка Елизабет Дебицки. Овој пат сценариото се наоѓа кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години.

Пристигнаа првите фотографии од снимањето, на кои ја гледаме Лејди Ди со синовите Вилијам и Хари. Кралицата Елизабета ја игра Имелда Стентон, принцот Филип го игра Џонатан Прајс, а Доминик Вест ќе го игра принцот Чарлс. Приказната ги вклучува и помладиот син на Елизабет, Ендрју и неговата тогашна сопруга Сара Фергусон.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com