Home » Пристигнува нов Fiat Topolino

Пристигнува нов Fiat Topolino

by Lina Muslija

Fiat  пред повеќе од еден месец ги објави името и првата слика на своето ново решение за одржлива урбана мобилност: Topolino…

Сега со полно право може да се рече дека целосно електричниот производ на четири тркала Fiat Topolino е подготвен да придонесе за проширување на урбаната електрична мобилност и да го внесе целиот оптимизам на својот истоименик во прифатлива, целосно електрична верзија која го опфаќа целиот кул пристап на Fiat 500.

Ова познато и предизвикувачко име е она што го отвори патот за урбана мобилност и веднаш го евоцира првиот Fiat 500, иконскиот автомобил што го револуционизира концептот на моторното возило.

Произведуван од Fiat во пероиод од 1936 до 1955 година, Fiat 500, попознат како „Topolino“, буквално ја измислил идејата за мобилност на луѓето.

Новото Topolino совршено ги отелотворува долче вита и италијанскиот дух на Fiat. Како автомобил кој има за цел да ги насмее луѓето, Topolino носи на градските улици нов концепт на dolce vita, составен од радост, оптимизам и забава.

Новиот quad  е нов електричен уред за мобилност дизајниран за широка публика, вклучувајќи ги најмладите клиенти, семејствата и љубителите на градот.

Совршено е прилагоден за градот и луѓето кои бараат одржливо и свежо решение за мобилност, кое се вклопува во демократската мисија на Fiat да обезбеди урбани решенија за одржлива мобилност достапни за сите.

За потребите на младите генерации,  Topolino е повеќе од уред за мобилност. Благодарение на неговиот шармантен дизајн кој одговара на секоја генерација, ќе ги натера младите повторно да се заљубат во автомобилите.

Дополнително, новиот Fiat Topolino ќе игра општествено активна улога во промоцијата на електричната мобилност во градовите и посебна улога во креирањето решенија за лична мобилност за целото семејство.

Претстојното претставување означува уште еден чекор во движењето на марката кон електрификација и е совршено во согласност со визијата на Fiat за „зелено е само кога е зелено за сè“.

На крајот на краиштата, секојдневната работа на Fiat како производител на автомобили е да го преиспита урбаното возење и да го направи поодржливо и подостапно за секого, а новото Topolino, со својот кул дизајн, ќе биде совршено возило за развој на одржлива мобилност.

На крајот може да се рече дека Topolino е всушност нова верзија на Ami на Citroen, па така и пофгонот би бил на иста основа. Тоа значи дека Topolino треба да добие електричен мотор од 6 kW/8 КС и литиум-јонска батерија од 5,5 kWh. Ова ќе овозможи максимална брзина од 45 km/h и опсег до 70 km.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More