-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Пристигна Porsche Macan GTS!

Најчитани вести

Во гамата на Porsche Macan како модел за претстојната 2020 година се наоѓа и GTS верзијата, што во понудата на моделот се позиционира помеѓу Macan S и Macan Turbo…
Накусо, Macan GTS е задвижуван од twin-turbo бензински мотор со шест цилиндри поставени впо форма на латинската буква V, со работен волумен од 2,9 –литри, со моќност од 380KS и 520 Nm максимален момент на вртење, односно за 20KS и 20 Nm повеќе од претходникот.

Доаѓа во комбинација со PDK автоматски менувач со двојна спојка.

Таквата комбинација обезбедува супериорни перформанси: забрување од 0 до 100 km/h за само 4,7 секунди (со Sport Chrono Package пакетот што се нуди со доплата како опција), a максималната брзина што ја постигнува изнесува 261 km/h.

Покрај моќниот мотор тука се и единствените GTS детали за надворешноста и за внатрешноста, потоа воздушното потпирање (опција) и Porsche Active Suspension Management (PASM), спортски дизајниран издувен систем, сопирачки со дискови со дијаметар од 360 mm напред и 330 mm назад, црвени канџи на шепите на сопирачките…

Однадвор Macan GTS, помеѓу другот, се издвојува и со бројни акценти во црна боја, потоа LED предни светла, комплет од 20-инча големи RS Spyder Design тркала, во Satin Blackиздание…

Во внатрешноста, пак, е кожен пакет и алкантара, како и спортски профилирани седишта, со GTS лого на потпирачите за глава заедно со Bose аудио системот.

Веќе сега можете да го нарачете Porsche Macan GTS модел за 2020 година, додек цента, на пазарот во Германија му изнесува од 77.880 европски банкноти.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com