-6.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Пристигна серверот за вчитување отпечатоци за локалните избори

Најчитани вести

Пристигна серверот со 10 станици за полнење на терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти, со податоци од гласачите, кој ќе биде поврзан со главниот сервер на ДИК, и ќе се користи на претстојните локални избори во октомври. 

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, информираше дека серверот е пристигнат една недела предвреме, за да може да се тестира и додаде дека ако серверот добро работи, ДИК ќе се подготви за едукација на претседателите на избирачките одбори и за замениците на претседателите на избирачките одбори и ќе се стави во функција целата операција. 

За претстојните локални избори има поднесено вкупно 297 листи за кандидати за градоначалници низ државата и 546 листи на кандидати за членови на советите во сите општини низ државата и Град Скопје. Најмногу кандидати за градоначалници на се пријавиле за Скопје, вкупно 12. Од скопските градски и приградски општини, најмногу кандидати се пријавени за Општина Центар – 7 , додека за Карпош, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Шуто Оризари со 6 кандидати, а најмалку има во општините Бутел и Сопиште, со по два кандидати. На локално ниво, за Струга и Тетово ќе се тркаат 7 кандидати, Охрид со 3 кандидати, а во 25 општини има само по двајца кандидати.  

На локалните избори закажани за 17 октомври првпат во земјата ќе се применат систем и терминали за вчитување на отисоци од прсти за идентификација на гласачите. За таа цел ДИК склучи договор со германската компанија „Дермалог“ која треба да го достави системот и терминалите, како и да овозможи нивно одржување. Првите 200 терминали веќе пристигнаа во земјата, денеска стасаа и серверот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com