Home » Пристигна првиот електричен Mustang Mach-E во Македонија

Пристигна првиот електричен Mustang Mach-E во Македонија

by Журнал.мк

Во, Македонија денес, пристигна првиот Ford комплетно електричен спортски автомобил со високи перформанси во историјата, Mustang Mach-E.

Моделот, кој дебитираше пред неколку години, веќе се нуди за директна продажба во Ford салонот на Ми-да Гранд Моторс во Скопје.

На официјалната презентација пред македонската јавност, присутните се запознаа со овој легендарен модел кој претставува историски доказ за развојот на автомобилизмот и преминот во ерата на електрични автомобили.

Mustang Mach-E се дефинира како комплетно електричен компакт – кросовер – SUV кој носи батерија од 98.8 kWh и овозможува возење дури до 540 км со едно нејзино полнење.

Полнењето може да се изврши во домашни услови и на брзи полначи до 150kW, беше потенцирано на презентацијата.

Името, Mustang Mach-E е инспирирано од првиот Mustang модел кој се нарекувал Mach-1. Симболично сега беше презентиран првиот електричен Mach-E.

„Брендот Ford како пионер во автомобилската индустрија продолжува со својата електрификација во Европа каде, до 2024 година, се планира да се лансираат девет комплетно  електрични модели.

Како официјален импортер и сервисер, компанијата Ми-Да Гранд Моторс ќе продолжи да ги обезбедува најновите современи автомобилски решенија за клиентите во Македонија“, рече Дритон Заири, генерален директор на Ми-Да Гранд Моторс.

Присутните во автомобилскиот центар на бул. „Босна и Херцеговина“ бр.1 се уверија во големиот број Ford достапни модели, за кој од компанијата истакнуваат дека во следниот период ќе може да се купат по промотивни цени.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More