13.8 C
Skopje
Sunday, June 13, 2021

Пристигна електричниот Lotus со 2.000 KS

Најчитани вести

Британскиот производител на спортски возила, Lotus го претстави својот, но генерално и прв британски целосно електричен хиперавтомобил – Evija.

Evija e првиот производ на Lotus откако стана дел од кинеската групација Geely, а планираше да напрви само 130 единици, поради интерната ознака на возилото Type 130.

Lotus Evija e вистински „ѕвер“ со четири електромотори кои заедно испорачуваат точно 2.000 KS и 1.700 Nm.

Моќта доаѓа од 70 kWh литиум-јонски батерии кои се сместени во средината на возилото и која се пренесува на сите четири тркала.

Lotus тврди дека Evija забрзува од место до 100 km/h зa помалку од три секунди.

Со оглед на моќта, тоа и не звучи премногу импресивноп со огледот на бројните бензински суперавтомобили со многу помала снага и имаат слично забрзување, a да не го споменуваме Tesla Model S P100d.

Меѓутоа, останатите перформанси се повеќе од импресивни, па на Evijа му се потребни само три секунди до 200 km/h, додека до 300 km/h стигнува за помалку од девет.

Максималната брзина се проценува на околу 320 km/h. Покрај брзината, моделот Evija е посебен и поради леснотијата, затоа што тежи само 1.680 kg со сите компоненти.

Lotus најавува цена помеѓу 1,5 и 2 милиони евра, а почетокот на производството не е планиран пред 2020. година.

За повеќе информациии погледнете го видеото:

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести