Home » Природни решенија: Што треба да направите при убод од оса?

Природни решенија: Што треба да направите при убод од оса?

by Журнал.мк

Убодите од оси се чести во текот на летото, а можат да бидат и прилично непријатни.

По убод на оса може да се појави болка, чешање, оток и иритација на кожата. За среќа, постојат природни решенија кои можат да ви помогнат при ваква ситуација.

Блага реакција

Ако веднаш по убод на оса се појави блага реакција, може да ја третирате дома, со природни решенија. Наједноставен начин е местото на убодот да го измиете со сапун и вода, за да се отстрани отровот.

Ставете лед на местото на убодот, за да се намали отокот. Постојат и други решенија кои можат да ги намалат чешањето и отокот:

– сода бикарбона може да ја ублажи иритацијата на кожата и да ја смири реакцијата

– оцетот помага кај убод на оси бидејќи киселоста на оцетот помага да се неутрализира убодот

Освен овие природни решенија може да користите крема со хидрокортизон која ги ублажува болките и отекувањето, како и антихистаминици кои помагаат при отекувања.

Силна реакција

Ако имате силна реакција на убод од оса важно е да побарате лекарска помош. Убодите од инсекти можат да бидат сериозни и затоа е потребно да одите на лекар особено ако сте алергични на убод од некои инсекти.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More