Хашимотов тироидитис или хроничен лимфоцитен тироидитис е автоимуна болест на тироидната жлезда именувана по јапонскиот лекар Хашимото, кој прв го опишал во 1912 година.
Оваа болест многу повеќе ги погодува жените – 15 пати почесто од мажите.
Во развиените земји, Хашимото е најчеста форма на хипотироидизам или нарушена функција на тироидната жлезда.
Кај здрава личност, хипофизата произведува тиротропин (TSH), хормон кој го стимулира лачењето на активните тироидни хормони Т3 и Т4.
Во случај на Хашимотов тироидитис овој процес е нарушен.
Антителата на имунолошкиот систем ги уништуваат протеините на тироидната жлезда, што со текот на времето може да доведе до нејзино целосно распаѓање.
Добрата вест е дека Хашимотовиот тироидитис е излечив, но важно е да направите промени што е можно поскоро за да нема сериозни последици по вашето здравје.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.