-0.2 C
Skopje
Sunday, December 5, 2021

Природни лекови што можеби ќе ви помогнат да се ослободите од ‘рчењето

Најчитани вести

Дури 75% од луѓето се соочуваат со отежнато дишење во текот на ноќта. Во некои случаи, ова може да предизвика сериозни проблеми со срцето.

prirodni-lekovi-shto-rechisi-sigurno-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-rchenjeto-01.jpg

Но, ’рчењето не е проблем само за личноста којашто ’рчи, туку и за оние кои спијат во иста просторија со неа. Доколку веќе не знаете што да правите во врска со вашето ’рчење, можеби треба да пробате некој од следниве природни лекови.

Маслиново масло

Маслиновото масло може да ви се најде за многу проблеми, вклучувајќи го и ’рчењето. Маслиновото масло ќе го навлажни ткивото што го предизвикува ’рчењето, па тоа нема да биде толку гласно.

Секоја вечер пред спиење изедете 1-2 лажички маслиново масло.

prirodni-lekovi-shto-rechisi-sigurno-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-rchenjeto-02.jpg

Жалфија

Жалфијата има добро влијание врз крвниот притисок и го регулира нивото на шеќер во крвта. Истовремено, оваа билка има и антивоспалителни својства и со текот на времето може целосно да го отстрани проблемот со ’рчењето.

Земете една рака листови жалфија, неколку лажички јаболков оцет и крпа. Зовријте ја водата, ставете ги билките во неа, ставете го лицето над тенџерето и со крпата покријте ја вашата глава. Можете да додадете и малку јаболков оцет и вдишувајте ја пареата од чајот.

prirodni-lekovi-shto-rechisi-sigurno-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-rchenjeto-03.jpg

Ѓумбир

За овој лек ви се потребни неколку парчиња свеж ѓумбир, голема шолја вода и неколку лажици мед.

Измијте го и исечете го ѓумбирот, ставете го во тенџере и додајте вода. Варете го 3-4 минути, а потоа тргнете го од оган и оставете го да отстои 5 минути во покриен сад. Потоа додајте мед, добро промешајте и испијте ја смесата.

Овој чај можете да го пиете 3 до 4 пати дневно.

prirodni-lekovi-shto-rechisi-sigurno-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-rchenjeto-04.jpg

Лук

Се верува дека лутата храна е одличен сојузник во борбата против ’рчењето, најмногу бидејќи овие намирници ги сушат дишните канали и го намалуваат таложењето на слуз. Па, пред спиење изедете малку лук.

prirodni-lekovi-shto-rechisi-sigurno-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-rchenjeto-05.jpg

Чај од коприва

За овој лек ви треба една лажица суви листови од коприва и шолја со топла вода.

Во сад ставете ја копривата и прелијте ја со врела вода, па оставете да отстои 5 минути. Потоа веднаш испиете го чајот. Доволно е да пиете 3 шолји дневно./ crnobelo.com/

prirodni-lekovi-shto-rechisi-sigurno-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-rchenjeto-06.jpg

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com