21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Природна состојка која ги чува зглобовите и ги намалува болките

Најчитани вести

Подобрете ја подвижноста и здравјето на зглобовите! Малите промени водат кон големи резултати. Болките, намалената флексибилност и грчевите нека бидат минато. Дознајте повеќе за MSM (Methylsulfonylmethane) – природна состојка која ги чува зглобовите и ги намалува болките.

Човековото тело има повеќе од 100 зглобови кои секојдневно се изложени на голем стрес. Во согласност со статистичките податоци, болестите на коскено-зглобниот систем се едни од  најчестите причини за посета на доктор.

Кои се причините за оштетување на зглобовите?

Најчестите причини за оштетување на зглобовите се:

  • напорни спортски тренинзи
  • прекумерна телесна тежина
  • седечки начин на живот
  • неправилна положба при одење, стоење или седење
  • различните рекреативни спортови кои ги оптоваруваат зглобовите.

За жал, речиси никој од нас не посветува внимание за да ги зачува зглобовите здрави што подолго време и не презема мерки додека се здрави и обезбедуваат безболни движења. Како резултат на трошењето на зглобовите ќе се јават симптоми и тоа болки при движење, отоци и затегнатост на мускулите.

Британските стручњаци докажале дека зглобовите стареат побрзо од останатите делови на телото. Со истражувањето биле опфатени 13 000 луѓе, а било утврдено дека зглобовите се постари за 12 години од реалната возраст на испитаниците.

Што е МСМ и за што помага?

МСМ (Methylsulfonylmethane) е сулфурно соединение кое природно е присутно во многу мали количини во овошјето, зеленчукот, зрната, производи од животинско потекло и некои алги. Најчесто се среќава во свежата храна, но при готвењето на храната количината на MSM значително се намалува.

MSM помага во формирање и одржување  на структурни ткива на човечкото тело, вклучувајќи ги и сврзните ткива, како што се артикуларната ʼрскавица и кожата. Значаен е за:

  • Здравјето на зглобовите
  • Обезбедува сулфур за синтеза на сврзното ткиво
  • Го поддржува здравјето на ʼрскавицата

Поттикнува флексибилност на зглобовите, ткивата и крвните садови. Го разбива насобирањето на калциум фосфат, кој е главен предизвикувач на многу дегенеративни промени во зглобовите и кардиоваскуларни болести. МСМ го разбива насобираниот лош калциум во зглобовите, ткивата и крвните садови претворајќи го во калциум цитрат, кој е растворлив и лесно се излачува од организмот.МСМ го обновува сврзното ткиво и ги намалува болките предизвикани од воспаленија.

Суплементи кои ги чуваат и ги регенерираат вашите зглобови.

Препорака на Аптека ДНА АННИ ФАРМ е

За повеќе корисни совети посетете ја нашата интернет аптека

Mega Shop – Аптека ДНА Анни Фарм (annifarm.com.mk)

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести