Home » Припадници на САЕ „Тигар“ го пронајдоа и извлекоа телото на давеникот од водите на Дојранското Езеро

Припадници на САЕ „Тигар“ го пронајдоа и извлекоа телото на давеникот од водите на Дојранското Езеро

by Журнал.мк

Денес во СВР Струмица е пријавено дека околу 11.30 часот во Дојран, едно лице од педалинка влегло во водите на Дојранското Езеро, но набрзо потонало.

Полициски службеници од СВР Струмица излегле на местото на несреќата при што било утврдено дека станува збор за И.З.(42) од Штип, со престој во Германија.

Припадници на нуркачки тим од САЕ „Тигар“ при МВР пристигна на местото на несреќата и по преземени активности од нивна страна телото во 19.12 часот е пронајдено и извлечено од водите на езерото. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото ќе биде предадено за обдукција.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More