Единици „Вагнер“ го напаѓаат подземниот дел на фабриката за металопреработка во Бахмут (АЗОМ).
Борбите во подземниот дел на фабриката АЗОМ се отежнуваат поради тоа што длабочината на подземниот комплекс е околу 350 метри, што пак не дозволува употреба на артилерија и фрлачи на гранати поради опасноста од пропаѓање на подземниот комплекс.
Сепак, два добро информирани извори го потврдија фактот дека единиците на „Вагнер“ успеале да напредуваат доста далеку – тука се присутни украински единици, но во многу мал број.
Расчистувањето на подземниот комплекс може да потрае многу долго, но не може да се напушти, бидејќи овој дел од претпријатието е поврзан со други делови на градот и може да доведе до неочекуван контранапад од страна на украинската армија, велат борците од „Вагнер“.