Home » Приоритет на Барселона е Ла Лига, но…

Приоритет на Барселона е Ла Лига, но…

by Lina Muslija

Жоан Лапорта изјави дека главната цел на Барселона во сезоната 2023/24 е освојување на шпанското првенство.

  • Ла Лига беше приоритет минатата сезона, претстојната е исто така важна. Но, ние би сакале да се претставиме подобро во Лигата на шампионите, би сакале да бидеме меѓу претендентите за победа во неа. Сепак, наш приоритет и понатаму е шпанската лига. Големата филозофија на Јохан Кројф беше во Гвардиола, а сега е во Чави. Се разбира, постојат разлики меѓу Пеп и Чави, но и двајцата се тренери со силна личност и го усовршуваат препознатливиот стил на фудбал што Кројф го воведе во минатото, рече претседателот на Барселона.

Новата сезона во шпанската Ла Лига почнува за осум дена. Барселона во првото коло ќе му гостува на Хетафе на 13 август.

Каталонскиот клуб е бранител на шампионскиот трофеј.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk