Судејќи по една фотографија на која Хари замислено гледа во далечината со рацете в џеб, многумина заклучија дека Хари навистина не се забавувал со Бијонсе.
„Изгледа како секое момче/сопруг кој бил принуден да оди кај Бијонсе“, „И мене ми беше здодевно на тој концерт“, се пошегуваа многумина. Меѓутоа, не многу подоцна, се појави ново видео на кое се гледа како Хари танцува на Love on Top. Изгледа дека на крајот му било добро на концертот.
Инаку, со него и Меган била и мајката на Меган, Дорија.