14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

„Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се различни од остатокот од семејството“: Кралскиот фотограф објаснува зошто

Најчитани вести

– Одлични се. Тоа е најдоброто што може да го има кралското семејство.

Британското кралско семејство е многу почитувано во Обединетото Кралство, а по турбулентната година и бројните промени поради се што се случи со принцот Хари и Меган Маркл, мораа да се приспособат

Кент Гавин, кралскиот фотограф за „Daily Mirror“, истакнува дека принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се разликуваат од остатокот од семејството и работат на сосема поинаков начин.

– Одлични се. Тоа е најдоброто што може да го има кралското семејство – посочува тој за британските медиуми.

Содржината продолжува после огласот

Гавин бил особено близок со принцезата Дијана. Помина години фотографирајќи ја, документирајќи ја нејзината венчавка со принцот Чарлс и одејќи на кралски турнеи со неа, пишува „The List“.

Се верува дека Вилијам и Кејт оваа година направија промени во нивниот имиџ и дадоа модерен пристап кон кралскиот живот, особено по интервјуата на принцот Хари и Меган со Опра.

Фотографот Кент Гавин објасни дека способноста на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон да ја одржат традицијата, а и понатаму да останат во согласност со времето, помогнала нивната популарност да расте.

Наместо крути фотографии без емоции на кои јавноста е навикната, тие се обидоа да изгледаат опуштено.

Во овој момент, се чини дека принцот Вилијам и Кејт се фокусирани на одржување на релевантноста на кралското семејство, а не на постојаната драма со неговиот брат, истакнува Кент.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com