Home » Придобивки од консумирање лубеница

Придобивки од консумирање лубеница

by Журнал.мк

Лубеницата е едно од најомилените овошја во лето. Поради содржината на шеќер, во последно време со популарноста на диетите кои преферираат низок степен на јаглехидрати често се додава на листата забранета храна.

Изобилува со нутритивни материи, содржи малку масти и го хидрира вашето тело.

Лубеницата содржи природни шеќери и во зависност од целокупната исхрана и количината на консумирана лубеница, може да влијае на покачување на нивото на шеќер во крвта. Но тоа не значи дека целосно треба да се избегнува.

Лубеницата содржи многу витамини што се добри за нашиот имунитет, здравјето на очите и нашиот мозок. Одличен извор е на калиум, кој помага кај функцијата на мускулите и нервите, а со тоа го намалува ризикот од висок крвен притисок.

Лубеницата содржи дури 92 проценти вода, што е одличен извор на течност во летните, топли денови.

Лубеницата е извор на важен антиоксидант-ликопенот, кој може да се најде и во доматите, кајсиите и грејпфрутот, го одржува здравјето на срцето а исто така има голем удел во борбата против ракот, односно ја спречува појавата на ракот на дојката или простатата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More