7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Привремено затворен регионалниот пат Житоше-Кривогаштани

Најчитани вести

Поради изведување на реконструкција-асфалтирање на регионалниот пат Р2335 Житоше-Кривогаштани од 06.08.2021 патот ќе биде затворен од 09 до 15 часот, информира АМСМ.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com