21.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Приведен 35-годишен тетовец осомничен за десетина измами

Најчитани вести

Денеска полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар околу 14 часот и 30 минути, во близина на крстосницата на улиците “Иво Лола Рибар” и “Благоја Тоска” во Тетово, го лишиле од слобода 35-годишниот тетовец Ш.Ш.

Тој е осомничен дека извршил десетина различни измами на тетовско-гостиварското подрачје, во периодот од септември минатата до март оваа година, кривично дело казниво по член 247 од Кривичниот законик.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и по целосно расчистување и документирање на случаите ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com