Home » Приведен тинејџер баран со централна потерница, еве за што ќе одговара

Приведен тинејџер баран со централна потерница, еве за што ќе одговара

by Журнал.мк

Денеска (23.02.2023) во 08.15 часот на бул.„Никола Карев“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(19) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk