36.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Приведен сопственик на угостителски објект поради непочитување на мерките

Најчитани вести

На 10.03.2021 во 19.10 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект на ул.„ЈНА“ во Тетово, сопственост на С.Г.(37) од Тетово.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски информира дека при контролата било констатирано дека не биле почитуваните протоколите за работа на угостителските објекти, односно на дел од масите имало повеќе гости од дозволеното.

Сопственикот бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести