31.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Приведен сопственик на угостителски објект

Најчитани вести

Приведен e сопственик на угостителски објект поради непочитување на мерките за спречување на ширење на Ковид-19.

„На 10.03.2021 во 19.10 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект на ул.„ЈНА“ во Тетово, сопственост на С.Г.(37) од Тетово. При контролата било констатирано дека не биле почитуваните протоколите за работа на угостителските објекти, односно на масите имало повеќе гости од дозволеното“, велат од МВР.

Сопственикот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за непостапување според здраствените прописи за време на епидемија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести