Home » Приведен скопјанец осуден на две години казна затвор

Приведен скопјанец осуден на две години казна затвор

by Журнал.мк

Денеска во 10:50 часот во напуштена куќа на ул. „Париска“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Р.(31) од Скопје.

Тој бил баран со централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, за доиздржување казна затвор од пет месеци, а бил осуден на казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 130 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More