Вчера во 13.20 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ѓ. К (40) од Велес, поради основано сомнение дека извршил кривично дело „разбојништво“. Имено, истиот ден на ул. „Илинденска“ во Велес тој физички ја нападнал М. М (76) од Велес, при што ѝ одзел паричник со пари.
Лицето е приведено во Полициската станица Велес, а одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава, информираат од МВР.