0 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Приведен поранешниот пратеник Јосифовски, осомничен е за упад во компјутерски систем

Најчитани вести

Поранешниот пратеник од редовите на НСДП Љубомир Јосифовски синоќа бил приведен и однесен на распит во полициската станица Беко. Како што потврдуваат од МВР за МКД.мк Јосифовски бил приведен по претходна пријава од Централниот регистар, а со консултација на јавен обвинител од ОЈО Скопје. Поранешниот пратеник е осомничен за кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”, предвидено и казниво по чл.251 од КЗ.

„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во Биро за јавна безбедност при МВР на РСМ, на 02.09.2019, по претходно доставена пријава од страна на Централниот регистар на Република Северна Македонија и консултација со надлежен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, го лиши од слобода лицето Љ. Ј. (46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”, предвидено и казниво по чл.251 од КЗ на РСМ”, соопштуваат од МВР.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести