24.8 C
Skopje
Wednesday, July 28, 2021

Приведен полицаец за мито од 20 евра

Најчитани вести

Тетово , 23 септември- Полициски службеници на СВР Тетово – Полициска станица Гостивар, вчера во околу 13 часот го лишиле од слобода 50 – годишниот А.Б. од долнореканското село Јанче, полициски службеник во полициската станица за граничен премин и гранична надзор Стрезимир, поради сомнение дека ја злоупотребил службената должност.

„Според пријавеното, во саботата околу 16 часот и 20 минути, на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, А.Б. запрел патничко возило „Киа“ со охридски регистарски ознаки, што го управувал холандскиот државјанин П.В.Н. (61) и за наводен сообраќаен прекршок му одзел 20 евра“, информираат од МВР.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести