Home » Приведен крадец од гостиварско Чегране, расчистени десетина кривични дела

Приведен крадец од гостиварско Чегране, расчистени десетина кривични дела

by Журнал.мк

На 17.04.2022 околу 16.00 часот, на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Ш.Ф.(30) од гостиварско Чегране. Тој се сомничи дека во текот на минатата и оваа година извршил десетина кражби и тешки кражби во Гостивар.
Кај него се пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнувале од овие кражби, кои ќе бидат вратени на сопствениците. Ш.Ф. е приведен и задржан во Полициската станица Гостивар, а по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More