Велешанец насилно влегол во градинка и од магацинскиот простор украл повеќе производи.
Полицијата вчера го привела 31-годишниот М.З., кој се сомничи дека на 14 март вегол во градинката на ул.„Коле Цветков“ во Велес.
М.З. бил приведен во полициска станица, а одземените производи биле пронајдени кај него и вратени на градинката. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.