20.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Приведено лице од скопско, предизвикало пожар на отворен простор

Најчитани вести

На 10.08.2022 во 19.20 часот на подрачјето на Драчево од полициски службеници од Полициска станица Драчево е лишен од слобода Ф.С.(59) од село Долно Количани, скопско.

Постапувајќи по пријава од 09.08.2022 во 11.55 часот, според која покрај патот кој води за с.Парагуша било забележано едно лице кое управувало патничко возило „шкода фелиција“, со скопски регистарски ознаки, како со запалка ја запалило сувата трева покрај патот, биле преземени мерки и активности и лицето е пронајдено и приведено. Притоа, пожарот бил изгаснат од противпожарната единица Скопје.

Во координација со Јавен обвинител по целосно документирање на случајот, против Ф.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com