-1.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023

Приведено лице од Гостиварско, затекнато при бесправна сеча на дрва

Најчитани вести

– Во шума во атар на гостиварско Врањовце, вчера во 15.20 часот полициски службеници од Полициското одделение – Галате го лишиле од слобода лицето И.Р.(41) од село Врањовце.

Околу 15.20 часот на земјен пат на место викано „Црквиште“, информираа денеска од МВР, тој бил затекнат како врши бесправна сеча на дрва. Исто така, биле пронајдени и 18 исечени стебла од дрво, кои биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка.

Лицето било задржано во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести