Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 16:15 часот, го лишиле од слобода С.Т.(36) од Охрид.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, одземени се пиштол „Sigsauer“ калибар 9 милиметри со рамка од осум куршуми, 454 куршуми за пиштол од различен калибар, ловечка пушка „Simson Suhl“, 21 куршум за ловечка пушка и една рачна граната.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.