21.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Приведени шест дилери на дрога, меѓу нив и скопјанец

Најчитани вести

Скопјанец бил приведен вчера од страна на полицјата во одделни акции во текот на кои биле уапсени уште пет други лица во Скопје, Тетово и Гостивар. Полициските службеници од СВР Скопје, како што стои во полицискиот билтен, на подрачјето Гази Баба го привеле Д.Ѓ.(35) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.

Синоќа околу 21.30 часот полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.М.(32), Х.Ц.(25) и В.Д.(25), сите од Гостивар, затоа што при нивен личен и преглед на возило „опел астра“, во кое биле тројцата, била пронајдена марихуана и таблети екстази.

Ноќеска во 00.50 часот во с.Требош, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Џ.(36) и Е.Х.(27), двајцата од с.Доброште, затоа што при нивен и преглед на возило „фолксваген поло“, во кое биле двајцата, била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести