Home » Приведени уште две лица – поднесена кривична пријава по брза постапка за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“

Приведени уште две лица – поднесена кривична пријава по брза постапка за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“

by Журнал.мк

Од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје, по преземени мерки и активности, лишени се од слобода Д.Ј.(32) и С.Ј.(18) од Скопје и во соработка со ОЈО Скопје против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по член 385 од Кривичниот законик.

Тие се сомничат дека на 05.07.2022 околу 21.00 часот, за време на одржување на ненајавен јавен сoбир организиран преку социјални мрежи, започнале да фрлаат со камења и разни други предмети спрема полициските службеници и зградата на Собранието. Против нив се обезбедени сите докази, по што се изнесени пред Судија на претходна постапка.

СВР Скопје продолжува со преземање мерки и активности за идентификување на сторители на кривични дела за време на протестите и обезбедување на докази против нив, по што заедно со кривичните пријави против нив, ќе бидат приведени и изнесени пред надлежен Јавен обвинител и пред Судија на претходна постапка.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More