2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Приведени три лица од гостиварско поради трговија со кокаин

Најчитани вести

Во 21.30 часот во Гостивар, вчера од страна на инспектори од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар лишени од слобода се К.М.(30) и К.О.(20) од Гостивар и О.С. (19) од с. Горна Бањица, гостиварско поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” и „овозможување на употреба наркотични дроги”, информираат од МВР.

Имено, при преглед кај К.М. биле пронајдени пет пакувања кокаин, кој сакал да им го продаде на К.О. и С.О. Сите тројца биле приведени во Полициска станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 и член 216 од Кривичниот законик.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com