Home » Приведени три лица од Албанија, користеле фалсификувани британски пасоши

Приведени три лица од Албанија, користеле фалсификувани британски пасоши

by Журнал.мк

Денескa во 14.30 часот на Граничен премин аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид, полициски службеници ги лишиле од слобода М.В.(24), Б.И.(31) и малолетничка, сите од Република Албанија.

При пасошка контрола и проверка било констатирано дека лицата на увид приложиле фалсификувани британски патни исправи.

Трите лица биле предадени на Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Охрид за понатамошна постапка, соопштуваат од МВР.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More