20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Приведени три лица, запленет хероин

Најчитани вести

На 23.03.2021 во 11.30 часот на крстосница „Богородица“ на регионалниот пат Гевгелија –Богданци, од страна полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје и Полициската станица Гевгелија биле лишени од слобода Н.М.(33) и И.М.(48), двајцата од Гевгелија и Ѓ.Т.(46) од Богданци.

Имено, при контрола кај Н.М. и И.М. бил пронајден и одземен  хероин, кој претходно го набавиле во Богданци. По обезбедена судска наредба, при претрес на дом и помошни простории во Богданци, кои ги користи Ѓ.Т., биле пронајдени и одземени хероин, две дигитални ваги со остатоци од хероин, марихуана, 37 семки Canabis Sativa, пари за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од извршеното кривично дело, разни предмети со остатоци од хероин и средства за употреба на опојна дрога.

Лицата се приведени во полициска станица, а во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 215 и 216 од Кривичниот законик.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести