10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Приведени се 24 лица под сомневање дека подметнале пожари

Најчитани вести

Од 3 до 15 август во координација со јавен обвинител приведени се 24 лица, уште 18 се повикани во станица на разговор, поради постоење основи на сомневање дека подметнале или предизвикале пожари. Поднесени се две кривични пријави против две лица по член 288 (предизвикување на општа опасност), и тоа од ОВР Прилеп и СВР Струмица, две кривични пријави против 3 лица по член 227 (предизвикување на шумски пожар), и двете од ОВР Дебар.

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 7 часот вчера до утрово во 7 часот во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Македонија, од страна на МВР беа ангажирани 533 полициски службеници, реализирани 217 мото-патроли и користени 145 моторни возила. На терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com