20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Приведени се синовите на Дилавер Бојку Леку

Најчитани вести

Во полициска акција синоќа се приведени синовите на Дилавер Бојку Леку, Ербен и Бесник на регионалниот пат Струга – Дебар, пред селото Велешта. Двете лица носеле пиштоли во себе.

– Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага во соработка со ОСОСК и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ вчера во 21 часот и 45 минути на патот Струга-Дебар, пред селото Велешта го лишија од слобода Е.Б. (35), кој се барал со потерници од Основен суд Струга, соопшти денеска МВР.

При приведувањето кај Е.Б. бил пронајден пиштол. Тој се барал по три потеници за убиство, нелегална трговија со оружје и други кривични дела, за што бил осуден на казна затвор од 21 година.

Неговиот брат Б.Б., бил приведен бидејќи кај него бил пронајден пиштол.

Таткото на приведените на јавноста и беше познат по нелегалната проституција за што беше и осудуван. Беше убиен во 2017 година пред неговиот ресторан во Струга.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести