Home » Приведени разбојници во Струмица, одземеното вратено на сопственикот

Приведени разбојници во Струмица, одземеното вратено на сопственикот

by Журнал.мк

Денеска во 05.35 часот од полициски службеници од СВР Струмица лишени се од слобода Е.И.(22) од Скопје и С.А. од Струмица, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво“. Имено, околу 05.00 часот во казино на ул. „Балканска“ во Струмица Е.И., кој бил заедно со С.А., со закана со остар предмет кон вработениот одзел пари од касата.

Двете лица набрзо се пронајдени и приведени, а одземените пари се вратени на сопственикот.

Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More