7.8 C
Skopje
Friday, December 9, 2022

Приведени криумчари на мигранти

Најчитани вести

Денеска (3.10.2022) на автопатот Пријателство, во близина на Неготино, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица ги лишиле од слобода Б.К.(19) од с. Блаце, Скопско и Х.С.(28) од с. Грушино, Скопско.

Во возилото „бе-ем-ве” со француски национални ознаки, кое го управувал Б.К., биле откриени 12 лица мигранти од Сирија.

Во наведеното време, на наплатната станица Демир Капија, тој не застанал на знак за запирање и продолжил со движење. Набргу било запрено возилото и тој се дал во бегство, но бил пронајден и лишен од слобода. Додека, Х.С. бил лишен од слобода затоа што со возило „мерцедес”, кое го управувал, бил во улога на претходница.

Лицата биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Мигрантите ќе бидат спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести