1.8 C
Skopje
Sunday, January 29, 2023

Приведени крадци на електричен тротинет, украденото вратено кај сопственикот

Најчитани вести

Две лица од Скопје биле лишени од слобода откако полицијата ги осомничила за кражба на електричен тротинет.

Според МВР, вчера полициски службеници од Скопје, ги лишиле од слобода Л.М.(23) и Е.М.(22), и двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, постапувајќи по пријава на А.И. од 10.07.2021 за одземен електричен тротинет.

Кај нив, во патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, биле пронајдени три електрични тротинети, меѓу кои и оној на оштетениот.

Тротинетот е вратен на А.И., а двете лица се приведени во полициска станица. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по чл.235 од Кривичниот законик, соопшти полицијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести