Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи – Кисела Вода при СВР Скопје вчера во 15.30 часот на улица „Васко Карангелевски“ во Скопје, ја лишиле од слобода скопјанката Д.Ѓ. (42).
Таа била барана со судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело „загрозување на безбедност во сообраќајот“ по член 297 од Кривичниот законик.
Од МВР денеска информираа дека Д.Ѓ. ќе биде спроведена во казнено-поправна установа за издржување на казната.