Дел од приватните превозници добиле по 5000 денари од ЈСП, а дел ни толку. Тие протестираа пред централата на ЈСП во Автокоманда и бараа средба со директорот на ЈСП за да побараат објаснување што значи исплатата на како што велат понижувачката сума.
Зафировски вели дека ќе побараат средба и со градоначалничката Арсовска. Доколку и таа нема слух, ќе се обратат до премиерот да посредува во решавањето на проблемот. Доколку не ги прими и Ковачевски и не остварат средба до петок, од понеделник повторно ќе ги блокираат улиците, најавија овие приватни превозници.
Приватните превозници тврдат дека нивните автобуси ги исполнуваат еколошките стандарди. Долгот кон нив е над 1,5 милиони евра. Не конкурирале на новите огласи на Градот зашто бил само за пет линии, а не за 16 како досега.