Home » Претстојните избори во Полска се најважни по 1989, смета Качински

Претстојните избори во Полска се најважни по 1989, смета Качински

by Журнал.мк

Лидерот на полската владејачка партија и вицепремиер Јарослав Качински изјави дека претстојните парламентарни избори наесен ќе бидат најважни од 1989 година, кога се одржаа првите делумно слободни избори во Полска, пренесоа полските медиуми.

Првите делумно слободни парламентарни избори одржани во Полска на 4 јуни 1989 година ставија крај на комунизмот во Полска и го отворија патот за негова трансформација во демократска држава.

Овие избори, на кои демократската опозиција извојува убедлива победа, го означија почетокот на колапсот на комунизмот во Централна и Источна Европа.

Качински рече дека она што претстои е од најголема важност, бидејќи најверојатно ќе одлучи за судбината на Полска и полскиот народ.

Алудирајќи на моменталната ситуација во Украина и присуството на приватната воена компанија Вагнер во Белорусија, Качински рече дека владејачката партија Право и правда е силата што може да ја гарантира безбедноста на Полска.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More