11 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Претстојниот Sony Xperia би можел да има punch-hole дисплеј

Најчитани вести

Патентот кој неодамна се појави во WIPO Global Design базата, го покажува претстојниот уред на Sony и неговиот кориснички интерфејс, како и екранот околу кој има минимални рамки.

Скриншотовите покажуваат multi-window функционалност, додека двата горни агли на екранот се користат за приказ на информации (времето од левата страна и статусот на батеријата од десна). Ова сугерира дека Sony би можел да имплементира центриран punch-hole засек за селфи камера, слично на она што го има Note10 серијата на Samsung и новите Galaxy A51 и A71. Сајтот LetsGoDigital креираше рендери на Sony телефон со засек за селфи камера, кој ни дава подобар увид во она што можеме да го очекуваме.

Со исклучок на ова, нема премногу детали за уредот. Неодамна на Geekbench се појави претстојниот Xperia 3 модел, кој пристигнува со Snapdragon 865 чип и 12GB RAM, а се верува и дека ќе има 5G конекција и шест камери на задната страна.

Оваа година, Sony своите Xperia 1, Xperia 10 и 10 Plus телефони ги претстави во текот на Мобилниот конгрес во Барселона, така што и новата Xperia линија би можеле да ја видиме кон крајот на февруари следната година.

извор: USB.mk

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести