-1 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Претставници од Амбасадите на Велика Британија во Тел Авив и Скопје во посета на АПЈ

Најчитани вести

Директорот на АПЈ Илбер Села беше домаќин на делегација предводена од Самар Хавила – политички советник во Амбасадата на Велика Британија во Тел Авив, Џилијан Смит – втор секретар за политика и Кренар Абази – политички и проектен офицер, од Амбасадата на Велика Британија во Скопје.


На средбата директорот Села ги информираше своите соговорници за досегашната работа и функционирање на АПЈ, предизвиците и проблемите со кои се соочува во делот на остварување на законските надлежности и оперативното функционирање, процесот за кадровско доекипирање којшто е во тек, но и за можностите и начините за соработка и поддршка од страна на Велика Британија на проекти и програми од заемен интерес.


Претставничката на Амбасадата на Велика Британија во Тел Авив Самар Хавила истакна дека ѝ претставува чест што има директна можност да се запознае одблизу со функционирањето и условите во кои работи АПЈ и го потенцираше значењето што АПЈ го има во контекст на зајакнување и унапредување на повеќејазичниот и мултиетнички концепт на граѓанско општество во земјата и ги пренесе своите искуства од начинот на употребата на јазиците во Израел.


Претставничката на Амбасадата на Велика Британија во Скопје Џилијан Смит ја изрази отвореноста за соработка на амбасадата со директорот Села во насока на исполнување на мисијата и програмските цели на АПЈ и дека сериозно ќе се анализира можноста за обезбедување поддршка на АПЈ во областите кои се оценети како приоритетни.


Директорот Села изрази благодарност до гостите за посетата на АПЈ и ја истакна својата отвореност за продолжување на дијалогот и продлабочување на меѓусебната соработка.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести