-2.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023

Претставници на РС нема да учествуваат во работата на државните институции на БиХ

Најчитани вести

Претставниците на политичките партии од ентитетот Република Српска (РС) одлучија да не учествуваат во работата на државните институции во БиХ, односно во парламентот на БиХ, Советот на министри и Претседателството на БиХ. Ова дојде по одлуката на високиот претставник Валентин Инцко за наметнување измени и дополнувања на Кривичниот законик на Босна и Херцеговина со кои се казнува негирање геноцид и се слават воени злосторници. Претставниците на партиите во РС истакнаа дека не ја прифаќаат одлуката на високиот претставник. Покрај тоа, официјални лица на РС изјавија дека одбиваат какво било наметнување закони и одлуки на ниво на БиХ и велат дека нема висок законски претставник затоа што „тој не беше избран во согласност со процедурите“.

Членот на претседателството на БиХ и претседател на Алијансата на независни социјалдемократи Милорад Додик рече дека одлуката на Инцко е отфрлена како ништовна. „Отсега натаму, политичките претставници на Србите и РС нема да учествуваат во работата и донесувањето одлуки сè додека не видиме како да го поништиме ова. Нема да живееме во земја во која некој може да донесе закон на веб-страница“, – рече Додик. Високиот претставник во Босна и Херцеговина Валентин Инцко, користејќи ги овластувањата, во петокот воведе измени и дополнувања на Кривичниот законик на БиХ, кои предвидуваат затворски казни за оние кои негираат геноцид и ги величаат воените злосторници.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести