21.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Претставен Honor X8, ќе биде достапен и во Европа

Најчитани вести

Honor ги претстави новиот член на X серијата, а тоа е Honor X8.

Смартфонот е најавен за МЕА регионот, но наскоро ќе биде достапен и во Африка и Европа. Уредот има спецификации од средната класа, вклучувајќи 6,7-инчен LCD екран со стапка на освежување од 90 Hz, Snapdragon 690 процесор на Qualcomm и батерија од 4.000 mAh која поддржува брзо полнење од 22,5 W.

Honor X8 има главна камера од 64 MP на задната страна, ултраширока камера од 5 MP и макро камера од 2 MP, како и сензор за длабочина од 2 MP.

Од предната страна има селфи камера од 16 MP сместена во перфориран засек поставен на врвот и во центарот. Споменатиот 4G процесор е поврзан со 6GB RAM и 128GB простор за складирање, а уредот го користи Magic UI 4.2 интерфејсот базиран на Android 11.

Honor X8 доаѓа во Титаниум сребрена, Midnight црна и Ocean сина боја. Цената и датумот на почеток на продажбата се уште не се објавени.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com